речник контакт

Наградени најдобите маски за Прочка

Пристигнати 114 дела на конкурст од средното ,,Коле Неделковски,, од Велес

Петар Печков

  По повод одбележување на Христијанскиот празник Прочка Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“  организираше меѓуучилишна и меѓународна активност - конкурс под мотото „Маскава е мое дело“ .

На конкурсот  стигнале  114 дела  маски од  ученици.  За реализација на конкурсот во секое од училиштата е направена предселекција на учесниците, а пристигнатиот материјал е избран од поголема креативна група на ученици, така што бројката  на создадени дела е поголема.  

На конкурсот во делот на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, како воспоставена соработка учестуваше и Седношколскиот училишен центар „Наце Буѓони“ од Куманово,

За претставување кон пошироката публика е организирана изложба на пристигнатите маски, во просторот на Мултифункционалната сала на училиштето, а воедно електронски изложбата е промовирана на порталите за меѓународна соработка на училиштето facebook групите Cherbourg – Veles, Nowogard – Veles, како и весникот на Француско – Македноската соработка.

По прегледот на пристигнатите маски, од страна на организациониот одбор на училиштето наградени  се следните дела:

Категорија на ученици од 1–во до 5–то одделение

1. Марко Колодезни IIIa одд., маска - ѓавол, ментор: наставник Лорета Стојановска, ОУУ „Ј.Х.К. Џинот“ - ПРВА НАГРАДА

2. Теодора Соколова Iб, маска - пеперутка во виолетово, ментор: наставник Мери Ристовска, ОУУ „Ј.Х.К. Џинот“ - ВТОРА НАГРАДА

3. Ерна Муриќ III одд, маска - весел кловн, ментор: наставник Весна Јанковска, ОУУ „Рајко Жинзифов“, с. Горно Оризари - ТРЕТА НАГРАДА

Категорија на ученици од 6-то до 9-то одделение:

1.Филип Mалинов VII a, маска - ѓавол, ООУ Благој Кирков , ментор наставник Живко Пренџов ПРВА НАГРАДА

2.Теодора Неделковска VII-5 одд, маска баба, ООУ Васил Главинов, ментор наставник Снежана Стефановска , ВТОРА НАГРАДА

3.Талија Ѓеоргиева VIIIa ,ООУ JХКЏинот, ментор наставник Светлана Гацева, ТРЕТА НАГРАДА

Категорија ученици средношколци

1. Марија Смиљковска I-9, маска - баба, ментор: наставник Тања Соларска Темелковски, ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово - ПРВА НАГРАДА

2. Бисера Стојковска I-8 , маска - Индијанка, ментор: наставник Тања Соларска Темелковски, ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово - ВТОРА НАГРАДА

3. Изабела Петрушевска Iд, маска – тотем, ментор Живко Пренџов, ОСУ „Јовче Тесличков“ - ТРЕТА НА ГРАДА

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »