речник контакт

Нада и Веле Алексоски одбележаа 50 години творештво

Половина век работа посветени на образованието, културата во Велес, Македонија и Франција

Петар Печков

Нада и Веле Алексовски го одбележаа нивниот полувековен,  50 годишен јубилеј од работата, Нада како поетеса Веле како историчар. Вчеравечер, вторник, в  текстовите од нивите дела, пред присутните во Ликовниот салон ги презентираа Јасминка Ѓоргиева, Гордана Николовска, Лила Арсова, кои читаа делови од творештвото.

За работа  на брачниот пар Алексоски говореше Лила Арсова, претседател на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, организатор на вечерта.

„Одбележуваме голем јубилеј на творештво на Нада и Веле Алексоски, како на професионален така и на културен план во градот каде живеат и творат. Тие дале значаен придонес и во образованието и во културата. На овој начин оддаваме почит на нивната работа. Вечерва е опфтен нивниот живот кој го минале надвор од Македонија, во дијаспората, образувајќи ги македонските деца. Тие го промовирале македонскиот јазик во весникот „Македонско сонце“. Д-р Веле Алексоски има издадено и научни труодви, кои сведочат за горката судбина на Македонскиот народ во минатото. Ги препознаваме како просветители, како писатели, вечерва ќе бидиме дел од тоа што изминатите 50 години, тие го твореле го создвале,  го промовирале,  и дејствувале за зачувување на македонската култура и нација“ – кажа Арсова.  

Нада Алексоска   зад себе има шест дела, првата е вистинска приказна за Македонец кој од 1948 се бори за самостојна Македонија, и сите негови премрежија се пишани во книгата „Агентот на ЦИА, Смилјан Гриовски “ издадена 1998 година, стихозбирките „ Кога душата говори“ ,Ластовичка“ , „Песната на ѕвездите“ и збирките на новели „Под сенката на брезата“  и „Муабетење со умот“.

„Ја остварив таа желба, која ја имав пред 50 години кога започнував со работа.Франкофонското му лежи, ми е при срце од дете. Мајка ми ноември 1915 , на осум години, е спасена од Французите од масакр врз цивилното население, кој го вршеле Бугарите“ – кажа   Веле Алексоски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »