Петар Печков
Објавено: среда, 21 април 2010
Со анализирањето на наплатата на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории, констатирано е користење на простор без одобрение, негово поголемо користење од пријавеното, како и за период за користење поголем од периодот за кој е извршено плаќањето. За надминување на ваквите состојби усвоено е намалување на износот на таксата.
Со вака утврдената комунална такса се предвидува корисниците на пред просторот реално да ги пријавуваат површините кои ќе ги користат како и реално да се пријавува времетраењето на користењето на пред просторот. Тоа пак ќе придонесе да не се осети намалување на приходите во буџетот на општина Велес по основ на наплата на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории. Советниците пак со забелешки на работата на локалните инспекции што дозволиле цело зимо, незаконски поставените тенди пред некои кафетерии да работат, иако тоа не е законски. На тој начин сопствениците собирале приход а не плаќале ништо на општината, што ги доведува во нерамноправна положба со останатите сопственици на кафетерии, кои го почитуваат законот.
Tweet |