Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 февруари 2019
Крадците во Велес минатата година работеле помалку, или пак биле во апс, па намален е бројот на кражби во 2018-та, споредено со 2017 година.
Според бројките од СВР Велес лани во велешко имало 141 кражба што е за 20 отсто помалку отколку година дена претходно, тогаш имало 175. Слична е состојбата и во двете општини кои СВР Велес ги покрива. Во кавадаречко минатата година имало 130 кражби или за 9 отсто помалку споредено со 2017-та кога имало 143 кражби. Во неготинско во 2018-та имало 36 кражби а во 2017-та 38. Севкупно на подрачјето на СВР Велес, лани бил регистрирани вкупно 307 кражби, 49 помалку од 2017 година.
Како лозарски крај интересно е што на подрачјето на СВР Велес лани биле регистрирани 16 кражби на ракија. Шест кражби имало во Велес, осум во Кавадарци и две во Неготино.
Tweet |