Петар Печков
Објавено: четврток, 30 април 2026
Во втората половина од 2025 година, намален е бројот на надзори 334 кои ги извршиле инспекторите од локалната власт, во однос на првите шест месеци кога имало 428. Намален е и бројот на констатирани неправилности, од 54 осто во првата половина, на 51 отсто во втората. Ова се дел од податоците за работата на општинските инспектори, за периодот 01.07 -31.12 2025 година.
Најмногу надзори имала градежната инспекција, каде се вработени две лица. Тие за период од шест месеци имале 90 надзори, од нив 54 вонредни, неправилности 42. Во првата половина имале 74 надзори со констатирани 36 неправилности. Од страна на двајцата градежни инспектори донесени биле 42 решенија, девет заклучоци за дозвола за извршување, за шест решенија поднесена била жалба до повисок орган. Во документот за работа констатирано е дека градежната инсепкција се соочува со недостаток на човечки ресурси.
Комунален инспектор, едно лице, имал 78 надзори, од нив вонреден –по реакција на граѓани 57, констатирани неправилности 42. Во првата половина биле 80 надзори со 31 неправилности. Издадени бил четири решенија со задолжување, изготвени 38 предлози за порамнување со издавање на прекршочен налог, поведено едно барања за прекршочна постапка до надлежен суд и надлежен прекршочен орган. Изготвени 38 предлози за порамнување со издавање на прекршочен налог. Глобата во законскиот рок ја платиле 15 прекршители.
Инспектор патен сообраќај, едно лице, имал 60 надзори со 57 контатирани неправилности. Тоа е највисок процент од сите инспекции кои констатирале неправилности од излезените конторли. Во првата половина имало 117 надзори, со 109 неправилности .
Во овој период издадени биле три решенија со задолжување, изготвени 54 предлози за порамнување со издавање на прекршочен налог, поведени 49 постапки пред комисија за прекршоци на Министерство за транспорт. Изготвени исто толку 54 предлози за порамнување со издавање на прекршочен налог. Глобата во законскиот рок ја платиле пет прекршители.
Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, инспекторот за патен сообраќај при Општина Велес, вршел надзор над: превозници кои вршат авто-такси превоз во Општина Велес, превозници кои вршат општински линиски превоз на патници и превозници кои вршат посебен линиски превоз на патници.
Просветна инспекција, еден инспектор, извршил 44 надзори, со шест неправилности. Во првата половина имало 47 надзори со 14 неправилности. Издадени три решенија за отстранување на недостатоци
Инспекција за утврдување на наплата на даноци извршиле вкупно 22 надзори, имало 9 неправилности. Во првата половина годинава имало 77 надзори, со 24 констатирани неправилности. Издадени девет решенија за отстранување на недостатоци
Инсепкција за домување со еден инспектор, извршени се 39 надзори и констатирани 16 неправилности. Во првата половина од годинава имало 33 надзори и 16 неправилности. Издадени 16 решенија за отстранување на недостатоци, поднесено едно барање за поведување на прекршочна постапка врз основа на констатирани неправилности
Инспекција за животна средина каде нема инспектор па нема ни надзор.
Инспекција за патишта, нема извршено инспекција оти кандидатот бил уште под менторска обука
Освен недоволниот број на инспектори, констатирано е што поголемиот дел од инспекторите се над 57 годишна возраст и во скора иднина е нивно заминување во пензија. Затоа се бара воведување во систематизација на помлад инспектор, за секоја област.
| Tweet |




