Петар Печков
Објавено: петок, 23 јули 2021
Жителите на Уланци, село во Градско, најсурово ги почувствуваат последиците од копањето песок и чакал од водите на Вардар. Се жалат дека наместо уредување на речното корито, на нивен грб се прави бизнис што го загрози мостот над реката, а со тоа и околните куќи и имоти.
Проблемите настанале откако се ангажирала фирма за отстранување на островот којшто со години се создавал во Вардар и предизвикал свртување на течението кон десниот брег.
„,Во март месец, тука беа донесени машини кои што требале да го исчистат островот кој што бил на средина на реката Вардар. Но, наместо уредување на речното корито, која што беше основна цел, како и санирање на десниот брег од реката Вардар и заштита на мостот, тука единствена активност беше исцрпување на песокот“ реагираат жителите на Уланци.
Жителите алармирале, но освен штета, корист не виделе.
„Тука се случува и диво исцрпување. Исцрпени се од милион до три милиони кубици, земја и песок. Тоа е голем профит. Реагиравме тука од месната заедница. Добивме решение со кое што се забранува исцрпување на песок. Со ова решение требаше да се прекрати и да се заштити точно тоа, да се стави тука брана и овој брег да биде заштитен“, вели Цане Будимов, кој е претседател на месната заедница на село Уланци.
Од фирмата- носител на дозволата за ископ „Машинокоп“ – Кавадарци, молчат. На фирмата ѝ е истечена дозволата. Од Инспекторатот за животна средина добила забрана да ископува песок, но камионите и по решението продолжиле со работа.
„Јас како градоначалник многу не ги сакам тие фирми кои што вршат експлоатација на песокот затоа што се случуваат и злоупотреби. Има појава на дигање на прашина на тие земјоделски локални патишта, ги уништуваат патиштата. Тие секогаш ветуваат дека повторно ќе ја вратат во првобитна состојба претходната ситуација, меѓутоа после тешко одат работите за враќање“, вели Роберт Бешовски, градоначалник на Општина Градско. Тој апелира при подготовката на проектите да се бара мислење и од општината.
Во Градско не се копало само кај мостот во Уланци, туку и во речното корито на три километри подалеку. Било пријавувано и во полиција, и во инспекција, но експлоатацијата продолжувала. Фирмата вадела песок од Вардар кога надлежните ќе си заминеле. Толку е ископано, што е сменет и речниот тек.
„Овде имаме уште едно диво копање на песок. Исто така без дозвола, од сабајле од 6 часот до вечер до 7 имаше ископување година дена, година и пол. Не знам колку беше тука. Уништени се обработливи површини, на некои што вадеа парче леб, а за еден човек да става во џеб“ - вели Будимов.
Од Инспекторатот за животна средина велат дека минатата година се извршени педесетина контроли на терен. Недостатоци биле утврдени на Црна Река, Вардар, Лепенец, Лакавица,
Tweet |