Петар Печков
Објавено: среда, 26 декември 2018
Од денес започна со работа Дневен центар за стари лица во населбата Извор, Општина Чашка. Во неа на 50 метри квадратни можат да се дружат и го минат слободното време стотина возрасни лица од ова населба.
Социјалната реформа која ја спроведуваме не се однесува само на зголемување на паричните средства на граѓаните кои се во социјален ризик и сиромаштија, туку и воспоставување на системи за социјални услуги кои треба да ги има во секое населено место. Вакви услови не се само за социјализација, туку и за унапредување на условите на живот на старите лица - рече министерката за труд и социјала Мила Царовска.
За изградба и опремување на центарот инвестирани се околу еден милион денари. Од следната година, во овој Центар ќе започне и дистрибуција на храна за старите лица и социјалните случаи од Извор и околните села.
Освен во Извор, вакви Дневни центри во Општина Чашка има и во Богомила и Чашка. До година планираме во Горно или Долно Јаболчиште. Да потсетам претходно отворивме дневен центар за млади и деца со што на жителите од ова населено место им нудиме можност каде да го минат слободеното време - кажа градоначалникот Горан Стојановски.
Tweet |