Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 февруари 2017
Второто полугодие за учениците основци од село Клуковец се уште не е започнато. Иако мина две седмици од почетокот децата се дома, оти родителите на ги пуштат на училиште. Родителите бараат да се реконструира подрачното училиште во селото, кое работи во рамките на ОУ Васил Главинов од Велес. Причина за бојкотот биле лошите услови за учење.
Одлучивме да ја бојкотираме наставата, поради условите. Тие се катастрофални. Бојкотот продолжува додека да се преземат мерки и да се подобрат условите за настава. При секој дожд прокиснува училницата. Условите се мизерни – изјави Расим Шемседини претседателот на Советот на родители но и наставник во училиштето.
Тврдат дека нема да попуштат додека Министерството за образование и Општина Велес не донесат одлука за изградба на нов објект. Од локалната власт информираат дека тие ги презеле сите неопходни мерки за зградата, каде учеле 49 ученика, да се реконструира.
Свесни сме за состојбата во која е училиштето во село Клуковец. Затоа директорката на ООУ „Васил Главинов“ чие училиштето во село Клуковец е подрачно уште во 2014 година испрати допис до Министерството за образование и наука за потребата од изградба на ново училиште. Токму министерството е задолжено за капитални инвестиции во образованието. Општината нема толку голем буџет за да може самата да изгради ново училиште. Во меѓувреме за да се подобри ситуацијата превземени се одредени градежни зафати за реконструкција на постојниот објект. Таму целосно заменет стариот покрив и поставен е нов. Деновиве веќе започна реконструкцијата на една училница со површина од 30 метри квадратни. Кога ќе завршат тие зафати ќе ја реконструираме и втората – изјавија од Општина Велес.
Од Министерството за образование пак, тврдат дека Општина Велес и централното училиште, никогаш не поднеле барање за реконструкција на училишната зграда.
Категорично демантирам. Ниту една страна нема поднесено барање до Министерството за образование и наука– изјави Сафет Незири од МОН за албанските медиуми.
Неговата изјава ја демантираат од локалната власт и на Советот на родители. Тие покажуваат документ кој го испратиле до Министерството за образование уште во 2014 година. Тогаш им било ветено од МОН дека ќе дојдат лично да ја проверат состојбата, што досега не се случило.
Tweet |