Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 јуни 2018
Мурал со ликот на Коста Солев Рацин, е нацртан на ѕид од ракометното игралиште, во Градскито парк. Тоа е дело членовите на Медиа/Арт клубот Велес. Во позадина на ѕидот се испишани наслови на песните од стихозбирката „Бели мугри“.
Намерата на младите креативци беше да се разубави неискористениот јавен простор, да се поврзе младата популација со уличната уметност како алатка за креативно изразување, како и да се покрене свест за поголема грижа од страна на младите и останатите граѓани на Велес за јавните површини преку младинската креативност - порачуваат од Медиа/Арт клубот Велес.
Досега во Велес има три мурали со ликот на Рацин, на јавни површини ова е четврти.
Tweet |