Зоран Николов
Објавено: петок, 07 ноември 2008
Како увертира ќе ја искористам онаа „Кад се сељо промангупи...“ за да ја искористам изведената бедна патетика што следи по она промангупувањето, потоа да ја засилам да ја модулирам и дури потоа да ја поистоветам со онаа патетика за којашто сакам да зборувам денес. Уствари да пишувам де, стално заборавам на ова. А како да не зборувам кога стално ја среќавам. А морам да си ги средам мислите во моментов, оти не знам од каде да почнам.
1. Кој рече дека треба да има во секој дом компјутер?
2. Шо е дефиниција за интернет и зошто не треба да се користи?
3. Да сте сега онлајн, која информација порадо би ја барале, „Главен град на Нџамена, Африка“ или „папараци фотки со Елена Ристеска со можност за анонимни коментари“?
Tој првиот сигурно е некој што го интересираат само парите. За второто го знаете одговорот штом сте успеале да дочитате до тука, а на ова третото сигурно има едно 90 посто багра за втората опција. И ќе коментираат. Оттука е изведен терминот „Интернет мастурбатор“. Уствари не. Проверете на порталите на кои е дозволено анонимно коментирање (ако во меѓувреме не ги исклучиле) какви ли се не животињи се активираат и ги бараат буквите на тастатурата за да успеат да напишат „пицка ти мајцина куроф да ми пусис абе сејак еден мајкати беспицка лие да тибам тоа неписмениот“, со што јасно му се става до знаење на оној кому му се реплицира дека нивото на свест му е прилично. Интернет мастурбатор ти е тип (98 посто статистички докажано) кој ужива во анонимност, клика по се и сешто, се заигрува со некои флеш игрици каде од играчите се бара да кликаат или да штракаат по тастатурата со брзината на самозадоволување у WC, се регистрираат по разни порно сајтови (он е свесен дека со тоа нема да легне ништо вечерта, ама љубопитноста е голема и раката е во гаќи). Оки доки. Пишуваш некој текст на портал или блог. Ставаш сликичка. Пишуваш нешто што мислиш дека е сериозно или интересно да се прочита и во ниеден случај не ти паѓа на памет дека некој е-мастурбатор ќе го изгнаси со лајната што ги праќа преку неговиот компјутер.
A KOJ KUR PROBLEM TI E TEBE KADE E ?????abe luge dobro beee so koja sovest se organizxatorite na sajtof so e problemov so prasanjava samo nemoj posle da gi brisete komentaite so takva koj kur sodrzina zabegani eee !ajt cao – следниот примерок сака да укаже на фактот дека темите не чинат, за разлика од неговиот коментар.
JXFJSJKSZ (Прекарот) – EEEEEEEE SE ZNAE KOJ SE KURVITE VO GRADOV,ELENA BONDIKEVA,SANJA,NATASHA HEMISKA,IVANA PEKINEZAROT DR.EEE ALOOO DO KAJ STASAVTE!PA POSLE KE NOSITE FARMERCINJA OD VENERA!KAKO DA E “POSTENO” STE SI GI ZARABOTILE!!!! HAHAHAHAHA SELANKI! – еве уште една причина зошто се исклучуваат анонимните коментари.
ace – Koj kur si stavil ti????????? – Што си ставил ти?
do Dudi – abe cergar, ne se pravi deka znaes se,demek si golem ebac,oti od takvi kako tebe falbadjii ima na sekoj cekor.seljak umren – треба ли коментар?
Затоа баграва треба сериозно да си ги мења навиките. Или да ја смениме баграта. Ни тоа, ни тоа. Ова е израз на култура на интернет-начин. Интернетот е место каде секое магаре може да се изрика и да се испосере и притоа никој да не знае колкави му биле долги ушите. Пошто има многу магариња, драги модератори на портали и сл., помачете се малку со регистрации и цивилизирање на ваквата стока, оти дома мајка им не разбира компјутери и не знае зошто домаќинот плаќа енормни сметки за интернет!
Tweet |