речник контакт

Најголем должник на Дервен

Најголем должник на ЈКП Дервен од Велес е Градската Болница и доколку долгот не се подмири...

Петар Печков

Најголем должник на ЈКП Дервен од Велес е Градската Бо?ница и доколку долгот не се подмири, постои реална опасност да се блокира сметката на велешката општина и комуналното претпријатие. Ваквата можност на седница на Советот ја најави директорот на ЈКП Дервен и тоа како последица за наплаќање на рата кон Европската Банка за обнова и развој.

За период повеќе од шест години неплаќање, ЈЗО Општа Болница должи 7,5 милиони денари. Тоа се средства со кои можеме да ја платиме ратата за кон ЕБОР за обнова на водоводната мрежа во градот, која доспева на почетокот од наредната година. Реална е опасноста со постојниот прилив и наплата од 50 отсто дека не ќе можеме да платиме, затоа потребно е Фондот за здравство бргу да реагира и го плати долгот. Во спротивно банката ќе ја блокира сметката на ЈКП Дервен и на општината - најави директорот Пецо Стојановски.

Тој понудил решение долгот да се реши со затварање на цесија со Министерството за финансии, но одговор од Фондот за здравство немало, иако рокот на приспевање на  отплата на ратата се ближел.

Освен Болницата на листата на најголеми должници се и Здравствениот дом, Топилницата и Маслодајна.  

Од друга страна врз основа на камати, заостанат долг и осигурување годинава на сметката на ЈКП Дервен легнале повеќе од 7 милиони денари. Стојановски посочи дека годинава тие регистрирале само 3 случаи на диво вкучување на физички лица на водоводната мрежа во градот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »