речник контакт

Најдобрите доктори за април

Марковски, Кодовски и Јаковлевски се наградените

Петар Печков

Министерството за здравство ја  објави на Листата на најдобро рангираните 100 доктори за месец април  годинава,  Од Општата Болница Велес  има тројца доктори, како и претходните месеци.

 Наградени се Кире Марковски  хирург  ортопед (ова му е трета награда по ред) Петре Кодовски  хирург  втор месец по ред  и Тодор Јаковлевски офтамолог.  .

Како награда докторите  добиваат посебно признание и паричен надомест во висина од нето плата, во која се вклучени сите додатоци на плата на здравствениот работник (двојна плата) за месецот за кој постигнал најдобар резултат.

Со имплементација на овој проект се валоризира работата на оние кои најмногу се залагаат во здравствените установи. Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се бројот на извршени прегледи и операции евидентирани во Националниот систем за електронски евиденции во здравството - Мој Термин - велат од Минситерството за здравство. 

Докторите специјалисти  се рангирани според учинокот за ,,Мој термин,, и се однесува на докторите од секундарното и терцијарното здравство, кои според Министерството се движечка сила во  своите  институции.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »