Петар Печков
Објавено: четврток, 20 мај 2010
По повод 24-ти мај, денот на македонските просветители Св .Кирил и Методиј, локалната власт им оддаде признание на најдобрите наставници во основно и средно образование.
Во основното тоа е Веселинка Маџарова Андова, професор по музичко воспитување во ОУ Васил Главинов. Кај средните училишта тоа е професорот по физичко воспитување Петре Петрушевски од Гимназијата Кочо Рацин.
И двајцата наградени професори се заблагодарија на учениците како најзаслужни за тоа што го работат.
Tweet |