Петар Печков
Објавено: сабота, 17 мај 2014
На прв поглед, веројатно нема да го забележите челичниот кабел кој ги поврзува Санлукар де Гуадиана во Шпанија и Алоутим во Португалија.
Кабелот е долг повеќе од 720 метри и претставува единствен ваков граничен премин во светот. Кабелот се поминува за помалку од една минута, а истиот се наоѓа на височина од речиси 100 метри над реката Гуадина.
Откако ќе го поминат кабелот, сите посетители се качуваат на траект и се враќаат во Шпанија. Кабелот е приватна инвестиција на Англичанецот Дејвид Џармен. На него поминуваат 25-30 луѓе на еден час за време на работните денови. Цената за возење на кабелот изнесува 15 евра.
Tweet |