Петар Печков
Објавено: сабота, 26 ноември 2016
Имено, во 1990. година тука била измерена радијација која е 100 пати поголема од количината на радијација на која еден американски работник според закон смее да биде изложен. Секако, потребно е помалку од еден час и здрав човек да умре озрачен со толку радијација.
Тука не станува збор за природен феномен, радијацијата и загадувањето се резултат на отпадните води од најголемата нуклеарна фабрика во Русија.
Фабриката до 1990. година од непознати причини била криена, малку луѓе знаеле за нејзиното постоење, а во тој контекст не се водело многу сметка за екологијата на езерото. Поради сето тоа, Карачајското езеро денес никој не го гледа како вистинско езеро. Полно е со концентрати со кои радијацијата се чува подалеку од брегот.
Нуклеарната фабрика во близина на езерото била изградена во тајност од 1945. до 1948. година, а му служела на Сталин во производството на атомски бомби. Езерото на фабриката ѝ било потребно поради студената вода за реакторите.
Речиси ништо не се вложувало во заштитата на работниците и околината, а водата загадена од радијацијата со време го претворила ова место во најзагадено на светот, барем според статистиката на Вашингтонскиот институт за надзор на нуклеарен отпад.
Tweet |