Петар Печков
Објавено: недела, 18 октомври 2026
Вечерва е спасено мече на планината Јакупица, кое било фатено во примка. Во координираната активност на спасувањето учествувале двајца инспектори од Државниот инспекторат за животна средина, членови на Ловното друштво Руен од Велес, Македонското еколошко друштво, СВР Велес, ветеринар од Скопската Зоолошка градина.
Примка, најчесто направена од јамка -од жица, ортома или конец која се стега околу вратот или ногата на животното кога тоа ќе помине низ неа. Користењето на примка е кривично дело.
За настанот информирале од Ловечкото Друштво Руен од Велес, дека била пронајдена кафеава мечка фатена во нелегално поставена примка (сајла) на локација Чеплес, 1.5км од Рибник Нежилово, Велешко.
Биле превземени активности за заминување на лице место во доцните попладневни часови нејзино успивање, преглед, отстранување на примката (сајлата) и пуштање во шумата. Успивањето и прегледот беа направени од стручно лице ветеринар од ЗОО Скопје а мечето успешно беше пуштено во природа.
Констатирано е дека била машка мечка околу три годишна старост, 70кг тежина, без видливи повреди од нелегалната примка (сајла).
За настанот е известен и јавен обвинител од Велес, а од страна на Полицијата е превземена примката за понатамошно вештачење и поведување кривична постапка согласно Кривичниот Законик.
Фото: Државен инспекторат за животна средина
| Tweet |






