Петар Печков
Објавено: среда, 21 февруари 2018
Лицата со попреченост од Велес, имаат потреба од стручни лица, кои ќе ги посетуваат во домашни услови, во нивните домови. Вакво барање постави Далиборка Златева од Здружението на лица со церебрална парализа.
Таква служба во Велес имале пред некоја година, но истата поради незаинтересираноста на тогашната локална и државна власт не била продолжена. А имало семејства и со по две деца со тешка попреченост а живееле со еден родител.
Потребно е сервисните услуги за лицата со тешка попреченост на локално ниво да заживуваат, за да им помогнат и на лицата и на нивните семејства, со директно влегување во домовите. Имаме 15 лица кои се корисници на инвалидски колички, тоа се лица со тешка попреченост, тие се дома, нив им е потребна нега во домашни услови и помош од ваков сервис. За нив се грижат нивните родители, некои живеат и со само еден родител, итно е потребно да се преземе нешто, тоа е сервис за посета на лица со тешка попреченост. Пред некоја година го работевме сервисот, живееше две години потоа министерство и локалната не не поддржаа и тој запре а ќе им биде од голема важност на семејствата - рече Златева.
Таа од локалната власт бара просторија, една повеќе од постојните на Здружението, за Клуб со лица со попреченост.
Тоа ќе биде социјален, инклузивен и едукативен клуб. Ќе нуди едукација, интерактивни игри, спортски игри, социјализација на лицата со попреченост. Имаме спортски средства за вежбање, и ни теба порсотр каде децата со нивните мајки, родители ќе вежбаат - додава Златева, претседател на Здружението, кое годинава бележи 20 години како невладина организација.
Tweet |