Петар Печков
Објавено: четврток, 13 август 2020
Откако Народна Банка на Северна Македонија вчера и ја одзема дозволата за работа на Еуостандард банката, шалтерите на АД Пошта престанаа со финансиски трансакции. Тие не работат, единствено може да се праќаат поштенски пратки и тоа за правнтеи субјекти, со кои имаат потпишано договор за плаќање по фактура, безготовинско. Така многу граѓани останаа затечени со ново настаната состојба. Сметките за комуналии можат да се плаќаат на други шалтери, но некои граѓани останаа со блокирани сметки од пензии, социјална помош.
Поради неработењето на Еуростандард банка од денеска на шалтерите не можеме да ги обезбедиме финансиските услуги и услугите на платниот промет за граѓаните и правни лица, како што се наплата на сметки за комунални услуги, наплата на сметки за струја, исплата на пензии, исплата на социјална помош и други банкарски услуги - кажа на денешната прес- конференција генералниот директор на АД „Пошта Северна Македонија", Ејуп Рустеми.
Тој рече дека сите тие услуги АД „Пошта Северна Македонија" во својата мрежа ги обезбедува во име на Еуростандард банка и за истите наплаќа соодветен надоместок. Генералниот директор на АД „Пошта Северна Македонија" информираше дека остварените приходи во првите шест месеци од 2020 години од тие услуги кои од денеска „Пошта" не може да ги обезбеди изнесуваат 110 милиони денари и претставуваат 19,4 отсто од нивните вкупни остварени приходи. Со ова доведено е во прашање обезбедување на плата за 870-те вработени во македонски Пошти.
Фондот за пензиско осигурување ги информира сите корисници на пензија на кои им се врши исплата на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, најдоцна до 21 месецов да достават известување до банката преку која би сакале понатаму да им се врши исплата на пензијата.
Од Министерството за труд и социјална политика информација за лицата кои примаат социјална заштита, детска заштита и згрижувачки семејства, да се обратат до банка најдоцна до 25 август, која ќе ја овластат за добивање на нивните средства и нема потреба од одење во Центрите за социјална работа.
Доколку покрај трансакциската сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје корисникот има трансакциска сметка и во друга банка, освен „Охридска банка АД Скопје“, да се обратат во таа банка заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка.
Доколку корисникот нема отворено трансакциска сметка во друга банка, потребно е да отвори нова трансакциска сметка во некоја од банките во земјата , освен „Охридска банка АД Скопје“ заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка.
Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, при поврзување на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка, задолжително треба да го известат вработеното лице во банката дека преку трансакциската сметка сакаат понатаму да им се врши исплатата на правото.
Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства нема потреба да одат во центрите за социјална работа за да земаат социјален број.
Tweet |