Петар Печков
Објавено: среда, 29 јуни 2022
На Инфективното одделение во текот на изминатите 24 часа примени се тројца нови пациенти, дел од деветте ново заразени евидентирани вчера.
„Примена е жена на 49 годишна возраст од Велес, ковид позитивна,во стабилна состојба без кислородна поддршка. На одделението с примени о нејзините две деца на шест годишна возраст. Тие се исто така во стабилна состојба. Претходно на одделението е примен пациент на 69 годишна возраст од Неготино, во стабилна состојба, не е на кислородна поддршка“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Инфективното одделение две седмици немаше пациенти кои беа згрижени поради проблемите со ковид-19 вирусот.
Од Министерството за здравство ги соопштија бројките за изминатите 24 часа. Во велешко има два нови случаи, со квоид-19 а нема оздравени. Бројот на активни случаи во Велешко се искачи на 16.
Tweet |