речник контакт

На СП во карате за кадети, јуниори и У-21, настапија и велешаните Бацковиќ и Арсовска

На ова СП, кое се одржа во Коња Турција, двајца Македонци освоија сребрени медали Стојановиќ и Трајковски

Петар Печков

На Светското првенство во карате за кадети, јуниори и У-21, кое се одржа  во Коња, Турција, меѓу бројната македонска селекција настапија и двајца велешани. 

Во категоријата +70 кг борби кадети  Лука Бацковиќ во првото коло загуби од Египќанецот  Омар Метвали 0-1, кој стигна до финалето во групата каде беше поразен од  Французинот Таџер Адам кој на крајот го освои бронзениот медал.

Во Коња настапи и Мартина Арсовска, која во кати У-21 во групата 8 од шест натпреварувачки беше шеста со 21,8 поени.

На ова СП двајца Македонци освоија сребрени медали  Стефан Стојановиќ во категоријата + 84 кг. и Витомир Трајковски до 84 кг.

На Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 настапуваа вкупно 1859 каратисти од 105 држави.

Годинваа младите велешки спортисти настапија и на СП и ЕП во кајак на диви води слалом и во велосипедизам, во младински категории.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »