речник контакт

На Стоби, сите награди за Драмски

Претставата ,,Геноцид 21,, на Драмскиот театар од Скопје ги освои сите четири награди на Фестивалот на античка драма ,,Стоби2011,, .

Петар Печков

 Претставата ,,Геноцид 21,,  на Драмскиот театар од Скопје ги освои сите  четири награди на Фестивалот на античка драма ,,Стоби2011,, . Режисерот Владлен Александров, актерите Јелена Жугиќ за женска, Рубенс  Муратовски за машка и претставата во целина ја добија статуетката Афродита на годинашниот фестивал. Ова е одлуката на тричленото жири, со кое претседаваше Марушка Гејмаер Облак, заадно со Бедија Беговска и Братислав Димитров.

Темата,  која можеби преку вашите очи ја читате како македонска,  или како локално географска, но таа е општа. Таа ја има обработено битката меѓу робот и   жртвата, мажот и жената, затоа лично сметам дека е претстава која треба да патува многу по светот. Претстава која на сите полиња  имаше креација, музика, визуелна уметност, ролји, порака која е денешна и општа, не можевме поинаку да решиме –рече Марушка Гејмаер Облак, која додаде дека сите одлуки се донесени едногласно. Таа спомена дека конкуренцијата за награди  била мала,  а како добра ја посочи турската претстава ,,Медеја,, ..

Многу претстави годинава во Стоби беа со главни женски ролји и затоа наградата ми е драга. Задоволство е што мојата улога ја одиграв пред толку публика. Благодарност до Драмски која застана зад овој мал но голем проект . Претставата,  како и режисерот, им ја посветувам на сите македонски мајки, кои секогаш раѓаат по едно дете повеќе, отколку што  непријателот можел да потомори – изјави актерката Жугиќ при добивањето на признанието.

Не станав подобар глумец по  оваа награда, туку таа е признание за вложениот труд во оваа претстава - рече Рубенс Муратовски. Извршниот директор на фестивалот ,,Стоби,, Зоран Љутков како чиста случајност го  протолкува присуството на Драмскиот театар со три претстави, една вон конкуренција,  од осумте на годинашниов 10-ти јубилеен Фестивал. Годинава за прв пат на Фестивалот освен претстави на текстови од грчки автори, беа одиграни две од римски автори  ,,Енеида,, од Вергилиј, и Метаморфози од Овидиј.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »