Петар Печков
Објавено: петок, 17 декември 2010
Со војничко гравче и тулумба министерот за одбраната и неговите гости го сефтосаа новоотворениот војнички ресторан во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман. Во ова касарна која е обучен центар, престојуваат војниците кои доброволно го служат воениот рок во АРМ а таа воедно е и центар за обука на подофицерскиот кадар.
Министерството за одбрана започна инвестиционен циклус за подобрување на стандардот на војниците. Велешкиот воен ресторан е втор објект реконструиран од наша страна. Ова е касарна каде 24 часа има војска, тој е обучен центар за доброволците и школата за подофицери. Продолжуваме натаму со обновата на касарната во Кичево и Попова Шапка, и секаде каде има потреба – изјави министерот Коњановски.
Инвестицијата на изградбата на овој објект е вредна 16 милиони денари. Ако порано касарната вдомуваше 1,5 илјада војници денес тука престојуваат тристотини.
Tweet |