Петар Печков
Објавено: петок, 02 јуни 2017
Велешанецот Коста Тахов- познат како Фотошопов имаше нова авантура на две тркала. Овој пат заедно со Дејан Митров возеа до Кавала Грција, во должина од 675 км.
Ако во август 2014-та Коста возеше до Александропулос заедно со Виктор Митевски извезеа наваму наваму 1,2 илјади км. овој пат релацијата беше осетно помала, но долга. Или полесно за илустрација, како да извозеле до Атина во еден правец.
Секое возење е ново доживување, искуство, тест на издржливост. Беше задоволство да се дружиме и возиме до Kавала. Времето беше погодно за нa две тркала – објаснува Коста.
Возењето до Кавала и назад траело седум дена, со тоа што на враќање возеле низ Бугарија, преку Петрич. Оваа траса е повисока и бара повеќе издржливост.
Tweet |