Петар Печков
Објавено: вторник, 15 мај 2012
Медицинските сестри и акушерки од Велес во Розе салата, го обележаа нивниот ден 5-ти мај на акушерките и 12 мај денот на медицинските сестри и техничари. На ова дружење беа доделени признанија за најдобрите во секое одделение од велешката Општа Болница и од Здравствениот дом.
Денот на акушерките беше со мотото ,, Акушерките се потребни на светот, повеќе од кога и да е,, додека на медицинските сестри и техничари мотото беше ,, Здравствена нега базирана на докази,,. Централна прослава била на 11 мај во Виница, каде на најхуманите сестри добиле награда. Таму од Велес признанија за нивниот труд и работа добија Виолета Босилкова и Пандорка Најдова.
На општинско ниво награди добија уште десет сестри од ЈЗУ Општа Болница и ЈЗУ Здравствен дом а посебно признание одделението за уво, нос и грло.
Tweet |