речник контакт

На екс претседавачот на Советот Колев му се слошило, не дојде на судењето

Екс градоначалникот на Велес Чадиев и тогашниот претседавач Колев се обвинети за злоупотреба на службена положба

Петар Печков

Ниту во вториот обид во Основниот суд во Велес,  не започна судењето во кој се обвинети ексградоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и поранешниот претседавач на Советот Александар Колев.   

Овој пат на рочиштето не дојде Колев. Неговиот бранител Коста Нојков кажа дека  таткото на Александар во телефонски разговор го информирал, дека утрината му се слошило, имал здравствени проблеми и нема да се појави, но дека ќе донесе медицинска белешка  за неговиот проблем, на следното рочиште. Колев е доктор специјализант.

На првото рочиште не дојде Чадиев, оти тогаш  не му било врачена поканата и обвинението.

Двајцата се обвинети за злоупотреба на службена положба бидејќи  поранешниот градоначалник Чадиев му дозволил на Колев 2,5 години да користи службени возила за приватни цели.

Според обвинението, ексградоначалникот Славчо Чадиев со усно одобрение допуштил тогашниот претседател на Советот во периодот од 23 февруари 2014 година до 9 август 2016 година, во повеќе наврати да користи две службени возила за приватни потреби.Претседател на Советот на Општина Велес Александар Колев, без да поднесе писмено барање, возилата ги управувал самостојно и за себе прибавил имотна корист од поголема вредност, пишува во обвинението. Тој во повеќе наврати вршел и набавка на гориво за двете возила за што потрошил 170.598 денари, кои потоа биле исплатени со пари од Општината.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »