Петар Печков
Објавено: недела, 07 ноември 2021
Успешна е денешната крводарителска акција, која се организираше по повод 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес. Крводарителите одново ја докажаа својата хуманост, даруваа 173 крвни единици, од нив шестмина првократни дарители.
Организатори на акцијата беа Мото Клуб „Носачи на крстот“, Општина Велес и Црвен крст, и се случи 14-та година по ред, со тоа што годинава за прв пат имаше и пролетна акција, кога беа собрани 141 крвна единица. Или ова беше 15-та акција за дарување крв на МК „Носачи на крстот“.
Оваа крводарителска акција беше за малку послаба од рекордната во 2013-та кога беа собрани 177 крвни и единици.
Таа беше изведена во Ликовниот салон и траеше од 8 до 15ч. а крв се даруваше на 10 кревети, со што се избегнаа редици од чекање.
До почетокот на месец ноември во Велес собрани се 2823 крвни единици а планот е 1961. Досегашниот одѕив е на ниво од истиот период лани. До крајот на година има уште неколку крводарителски акции.
Крводарителската акција заеднички ја реализираа Општинската организација на Црвен крст од Велес и екипи од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Tweet |