Петар Печков
Објавено: сабота, 30 јули 2011
Жирото во состав марушка Гејмаер Облак, Братислав Димитров и Бедија Беговска ќе треба во 21 часот да ги соопштат наградите за најдобра претстава, режија, машка и женска улога.
Претставата ,,Последните Македонци,, е на текст базиран на сценариото за крајот на светот, кој според календарот на древните Маи, треба да се случи на 22 декември 2012 година. Несреќното сценарио на Маите во текстот на Миленковски успеале да го избегнат шест Македонци, кои останале живи додека биле на пикник на Алшар.
Во претставата играат Билјана Бличанец- Алексиќ, Рубенс Муратовски, Билјана Драгичевиќ- Пројковска, Трајанка Илиева, Зоран Љутков и Игор Ангелов. Аранжманите на музиката ги направи Венко Серафимов, а дизајнот на претставата е на Тихомир Спировски. Во авторската екипа се и етномузикологот Велика Стојкова-Серафимовска и музикологот Марко Коловски
Иако претставата се занимава со прашањето за крајот на светот, жанровски е комедија. Приказната е едноставна, актерите се обидуваат да раскажат својата духовна историја со песни и ора. Има фрагменти од околу 140 народни песни и ора. Во текстот се интегрирани и делови од творештвото на Марко Цепенков
Tweet |