Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 ноември 2019
На вчерашната крводарителска акција, организирана од Мото клубот „Носачи на крстот“ од Велес, беа собрани 153 крвни единици. Таа се одржа по повод 9-ти Ноември Денот на Општината, годинава по 12-ти пат. Од вкупно собраните 153 крвни единици, 124 единици се од дарители мажи, а 29 жени, додека 13-мина лица за прв пат дарувале и станаа дел од најхуманото семејство.
Најуспешна крводарителска акција организирана од МК ,,Носачи на крстот,, изминатите години е таа од 2013-та кога се собраа 177 крвни единици а минатата година беа собрани 137.
Акцијата се одржа во Ликовниот салон, а беше организирана заедно со Општинскиот Црвен крст на Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Од нивна страна голема благодарност до крводарителите за покажаната хуманост. Оваа крводарителска акција според Општинскиот црвен крст е најмасовна годинава во Велес , бидејќи на летната беа собрани 161 крвна единица, но во два дена.
Tweet |