Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 август 2023
На крводарителската акција која ви саботата се одржа во Градско, дарителите одново ја покажаа нивната хуманост. Дарувани биле вкупно 65 крвни единици, од нив четири лица се првократни дарители.
Истата е оценета како мошне успешна, според бројот на собрани крвни единици.
Акцијата заеднички ја реализирале Општинската организација на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Градско.
Од ОО Црвен крст Велес ја најавуваат и големата лента крводителска акција која годинава ќе се одржи по 21 пат. Таа ќе трае два дена на: 18-ти и 20 Август - петок и недела од 9 до 15 во просториите на Ликовен салон Велес.
Tweet |