речник контакт

На неколку локации во Велес ќе се постават видео камери за заштита на урбаната опрема

Видео опрема треба да се постави на спортските терен во населбата Тунел, месноста Дворови, Гимназијата и ОУ Васил Главинов

Петар Печков

До крајот на годината ќе се постават камери на неколку локации  на јавни површини, за почеток да се следи дали и кој ја уништува урбаната опрема. Доколку се покаже позитивен, проектот догодина ќе се прошири и ќе се одобрат повеќе средства. Ова го најави градоначалникот Марко Колев, прашан како да се заштити урбаната опрема, која насилно се оштетува на повеќе локации во Велес.

„Во програмата на ИТ технологија има одредено финаниски средства, кои годинава ќе се потрошат за  да почнеме од некаде. Догодина да го прошириме системот за видео надзор на територија на Општина Велес. Да почнеме од две три лоикации, да видиме како ќе функционира, па да се надградува“ – кажа Колев.

За годинава предвидени се 3,8 милиони денари за набавка на видео  опрема која треба да се постави на Спортските терен во населбата Тунел, месноста  Дворови, Гимназијата и  ОУ Васил Главинов.  

Така Велес по теркот на Кавадарци и Куманово треба да инсталира видео камери, со кои треба да се заштити урбаната опрема во градот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »