Петар Печков
Објавено: четврток, 13 февруари 2020
Владата на последната седница одржана на 10-ти февруари, донела одлука за трајно користење и преотстапување без надомест на некогашниот Диспанзер за туберкулозни болести.
Лоциран е во Нова населба, на улица Наум Наумовски Борче и од март 2013-та зградата е напуштена и е грда слика за тој дел на градот. Истиот локалната власт најавува дека ќе се руши и на овој простор ќе се гради паркинг, кој ќе биде времен и ќе има 60 места за паркирање, локацијата има 770 м2 површина.
Нашата намера е да се сруши стариот објект кој е вон употреба неколку години и на тоа место да се изгради паркинг. Тој ќе биде до времен карактер така сериозно ќе го ублажиме проблемот со паркинг простор од тој дел на градот - кажа градоначалникот Коцевски на прес конференција.
Паркингот би бил времен се додека не се донесе новиот ГУП а потоа и ДУП, оти на постојниот просторот се води како локација за здравствена намена а потоа би се градела катна гаража.
Tweet |