Петар Печков
Објавено: четврток, 10 март 2022
Вчера, средa попладне, околу 15ч. на улица Васил Ѓоргов истечена е нафта од метално буре во количество од 200 л. Истата била превезувана од комбе за приватни потреби, но сопственикот превидел на угорнината кон Којник дека може да дојде до превртување на бурето и излевање на течноста. Траги од нафтата има во стотина метри по должина на улицата која води до месноста Којник. За овој еко-инцидент велешката полиција побарал помош од ЈКП Дервен, чии вработени од ПЕ Комунална хигиена излегле на терен.
„Посипано а количина од 3 м3 песок по целта должина на истечената нафта заради заштита на сообраќајот на оваа фреквентна улица“- кажаа од ЈКП Дервен.
Поради безбедност на сообраќајот, додека траела интервенцијата на екипите на ЈКП Дервен, се посипувал песок по истечената нафта, сообраќајот бил неколку часа во застој и се пренасочувал преку други улици од околината.
Од СВР Велес немаше одговор на поставеното прашање дали им каков поднесок ќе има за сторителот, оти да се излеат 200 литри нафта не е ниту мало количество ниту секојдневие. Згора на тоа истечената нафта придонесува за небезбедност на сообраќајот по оваа улица.
ВО СВР Велес кажаа дека вакoв настан кај нив нема евидентирано, иако на фотографијата се гледа присуство на полициско возило а од ЈКП Дервен соопштија дека биле повикани од полициски службеници да го санираат инцидентот.
Нема ниту информации од локалната власт, која во отсуство на еколошки инспектор, може да постапи во овој случај.
Tweet |