речник контакт

На улица Ангел Мишев, две семејни насилства за една седмица, во два одвени случаи

И во двата случаи настрадале мобилните телефони, кои биле искршени

Петар Печков

СВР Велес информираше за две пријави за семејни насилства, кои се случиле на иста улица Ангел Мишев, покрај дуќаните близу покриениот градски пазар,  во период од една седмица.

„На 8 ноември во 21.30 часот во СВР Велес бил извршен службен разговор со Ш.И.(34 год) од Велес, по претходна пријава од неговата 26-годишна поранешна сопруга дека на улица Ангел Мишев во Велес и се заканувал, физички ја нападнал и и го скршил мобилниот телефон“

„На 14 ноември  во 14 часот во СВР Велес, 34 – годишник од Велес пријавил дека во објект на улица Ангел Мишев во Велес бил физички нападнат од неговата поранешна 29 –годишна сопруга, која употребила тврд и стаклен предмет и му го скршила телефонот. Подоцна, во 15.20 часот, неговата поранешна сопруга пријавила дека, додека поминувала покрај објектот, нејзиниот поранешен сопруг агресивно се однесувал кон неа, по што од возилото земала тврд предмет со намера да го удри, но тој и го земал предметот и со него ја удрил, а откако му паднал телефонот го земала и му го скршила“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »