речник контакт

На хуманитарна акција собрани 20 комплети училиштен прибор за децата од социјално загрозени семејства

Донацијата е наменета за деца од социјално загрозени семејства од велешко

Петар Печков

На понеделничката акција за донирање на училиштен прибор, собрани се 20 ранци полни со потребниот школски прибор.  Тие се наменети за деца од социјално загрозени семејства од велешко. 

При тоа ранциет се опремени со се што му е потребно на еден ученик – тетратки, комплет линијари, шестар, блокови за цртање, водени бои, темперни, дрвени и мрсни боици, острилки, моливи, гуми, фломастери, ташнички за прибор.

„Во текот на оваа недела, ранците ќе бидат поделени кај семејствата на кои им се најпотребни, со цел секое дете да ја започне новата учебна година со насмевка, радост и неопходниот училишен прибор. Искрено благодариме на сите граѓани кои донираа, како и на нашите волонтери за нивната несебична посветеност и поддршка. Заедно можеме да направиме разлика и да овозможиме среќен почеток за секое дете“ – порача Орце Николов секретар на Општинската организација на Црвен крст Велес, кој беше организатор. 

Акцијата се реализираше во понеделникот попладне пред влезот на Гимназијата. 

фото ОО Црвен крст Велес

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »