Петар Печков
Објавено: среда, 10 август 2022
Не мина ниту 24 часа, откако ЈКП Дервен започна да ги обновува јавните чешми во Велес и поставува нови, една од ново поставените славини во текот на ноќта е украдена. И тоа во близина на зградата на Општина Велес и Полициската станица, во тамошниот парк простор кој е осветлен и фреквентен.
„ Без разлика дали се работи за вандализам или кражба, со уништувањето на јавните добра, штета се причинува на сите граѓани на Велес. Сите треба да допринесеме доколку сакаме да имаме поубав и почист град“ - порачаа од ЈКП Дервен.
Од вчера ЈКП Дервен започна со замена на старите и поставување на нови јавни чешми низ градот. Целта е рационално трошење на водата. За да може да се користи за пиење, има механизам со чија помош водата тече од славината и прекинува, откако тој ќе се исклучи. Покрај постојните 14 локации, дополнително нови ќе бидат поставени на уште 10 места во Велес.
При крајот на 2010-та ЈКП Дервен на јавните чешми инсталираше славини, кои за кратко време беа украдени. по што велешките комуналци беа принудени да се вратат на стариот систем, водата постојано да тече. Очигледно дека ниту по 12 години време, кај некои наш сограѓанин, времето не помогнало да тој еволуира, се развие во умствениот развој.
Tweet |