речник контакт

На 29 октомври, во болницата во Велес предавање за превенција од рак на дојка

ационална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“

Петар Печков

Министерството за здравство започна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“. Трибините  ќе ги водат доктори специјалисти во оваа област кои се членови на националната комисија за скрининг на рак на дојка.

  Во Велес ќе се одржи  на 29 октомври (вторник),  во 13 и 30 часот во  просторија на  ЈЗУ Општа болница Велес, а за предавач   е најавена д-р Тања Петровска.

„Главната активност на кампањата е одржување на јавни трибини водени од панелисти, стручни лица и доктори во јавните здравствени установи низ целата земја, со цел подигнување на свесноста за значењето на превенцијата и раната дијагностика на ракот на дојка“- соопштија од Министерството за здравство.

Во рамки на кампањата, ќе се организираат и едукативни сесии, проследени со едукативен промотивен материјал и консултации со стручни лица, со што на жените ќе им се обезбедат информации и поддршка за редовни превентивни прегледи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »