Петар Печков
Објавено: среда, 14 јули 2021
Велешката полиција информираше за настан кој вчера попладне се случил во Велес, близу Градскиот пазар.
„На 13-ти јули од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода Е.А.(18) од Штип, бидејќи околу 16.30 чaсот на ул.„Нада Бутникошарева“ во Велес, физички ја нападнал неговата невенчана 17-годишна сопруга, исто така од Штип, при што со остар предмет ѝ нанел повреди“ – соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Повредената била пренесена во болницата во Велес за укажување на лекарска помош.
„Повреденото лице имало посекотини, дадена е потребната помош и пуштена на домашно лекување“ – кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
По овластување на Јавен обвинител бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Tweet |