Петар Печков
Објавено: недела, 01 септември 2013
Весна Картинова со нејзината креација кукла со фустан од сладолед победи на седмата Сладоледијата која се одржа во саботата попладне во Велес. Оваа манифестација е единствена од таков вид во земјава. Шест натпреварувачки имаа по 15-тина минути и 30-тина килограми сладолед на располагање да создадат дело, кое ќе го освои и жирито и присутната публика. Второто место и припадна на Делфина Теова со букет од сладолед а трета беше Билјана Деловска со фигура на кукла во лубеница. Сите три како награда добија сладолед.
Ова летно освежување кое го имаше во изобилство на оваа манифестација, се изеде во вкупна количина од 200 литри. Тоа беше донација од прилепска фирма ,,Милина,,. Победникот беше решен со гласање од страна на присутните, не по вкус, туку по изглед.
Мојата креација е ,,Невеста,, долниот дел од фустанот го создадов од сладолед, малку од ванила, малку од боровинка и секој ред различна боја. Додадов и украсни цветови од локум и ете ова им се допадна на сите присутни за што и ме наградија за победничка – рече Весна Картинова.
Учесничките вешто го декорираа млечниот производ, сладоледот со сезонското овошје грозјето, лубеницата,праска, смоквата, дињата, така што погледот ги мамеше присутните жени за изработените декорации. Некои користеа и чоколадо, прелив, трошки или други овошни напитоци. Сите велат дека дојдоа да се забавуваат и дружат. Натпреварувачките имаат неограничено количество сладолед за користење, но ограничено време, поради опасноста тој да се стопи.
Бројните присутни сакаа да вкусат од ова млечно ледено освежување но и да видат што се може да се направи од него. Додека за останатите вештини на подготовка на храна, дома во кујната треба време, овде тоа го имаа многу малку и е ограничено. Не поради правилата, туку поради временските услови, температурите. Организатор на манифестацијата беше граѓанското здружение на жени за мултикултурни активности ,,Креација 2009,,
Целта ни е преку дружење и забава, да ги наградиме велешанки кои имаат чувство за декорација и тоа на летното освежување сладоледот. Учесничките работат на слободна тема имаат за користење сладолед колку што ќе посакаат – изјави Рајна Стојанова претседателка на здружението ,,Креација 2009,, .
Tweet |