Петар Печков
Објавено: сабота, 23 август 2014
Oгласот e објавен од страна на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување. Право на посета имаат невработените лица со познавања од графичкиот и веб дизајнот и мрежното уредување, кои ќе може да се дообразуваат за сертификатот од меѓународна важност
Вклучувањето на пазарот на трудот и подобрување на работливоста на невработените лица побарува преземање на конкретни сеопфатни мерки кои се предвидени во Оперативниот план за вработување и активните мерки за 2014 година. Меѓу нив е и усовршувањето на ИТ вештините.
- Вештините од областа на напредните информатички технологии ја зголемуваат конкурентноста на пазарот на труд . Затоа ги мотивираме евидентираните невработени лица – активни баратели на работа, со завршено средно или високо образование, кои се заинтересирани за стекнување вештини од областа на информатиката, да се пријават во работниот клуб во Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, каде се евидентирани како невработени лица изјави министерот Спасов.
Овие обуки ќе се реализираат градовите во зависност од пројавениот интерес на евидентираните невработени лица за учество во мерката и обезбедените услови за обука, во период од 3 до 6 месеци.
Tweet |