Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 јули 2022
Невремето кое го зафати Башино село уништи дел од родот а јаворот среде село е оштетен стариот јавор
Во Велес има една пријава, автомобил кој се заглавил во езерото од вода, пред силосите на Жито Вардар
Невремето кое го зафати Башино село, го оштети стариот јавор среде село. Гранките падна пак врз бараката на Поштата која се наоѓа среде село. Башиноселци велат дека имало големо невреме, проследено со силен ветер,
„Град, ветер, пороен дожд, се за 15-тина минути. Се што работавме го однесе невремето. Искинати фолии, уништен род. Јаворот среде село е оштетен. Такво невреме немаме досега доживеано“ - велат жителите на Башино село.
Од фотографиите кои ги испратија посетители на ТрМр, во критичниот период околу 17ч. невремето стигнало до езеро Младост,а Башино село бе обвиено во облаци.
Од Центарот за управување со кризи, информираа до нив е стината реакција за возило, кое се заглавило во водата, создадена пред силосите на Жито Вардар. Интервенирала против пожарната единица, која го извлекла од создадената бара.
Tweet |