Петар Печков
Објавено: сабота, 20 август 2022
Попладнево после 16,30 часот Велес го зафати невреме, проследено со силен ветер и пороен дожд. Тоа на одредени делови во градот сруши дрвја и досега има регистрирани три такви случаи.
Во едниот дрвото е паднато на главата улица Благој Ѓорев, во населба Тунел а други две на улица Никола Карев која води до ОУ Васил Главинов. Паднатите стебла го отежнуваат сообраќајот а едното од дрвјата се срушило врз автомобил.
Во населба Керамидна има оштетено кровови од невремето и силниот ветер. Летнал и дел од кровот на Мопопол, кој паднал на железничката пруга, по што од страна на вработени на МЖ бил отстранет заради редовен железнички сообраќај. Оштетен е кровот од т.н. социјални згради во населба Тунел.
Во овој период досега нема реакции од граѓани кои се јавиле до Центарот за управување со кризи, поради штети предизвикани од невремето.
Единствено во овој периодот, од ЦУК информираа дека интервенирала екипата на ТППЕ за пожар,запалено сено во село Караслари, кој за кратко бил локализиран. Таму имало и падната бандера
Tweet |