Петар Печков
Објавено: петок, 24 август 2018
Од следниот месец, септември вработените во Детските градинки во земјава ќе имаат повисоки плати. Ова се однесува на негувателки и воспитачите, тие кои се директно вклучени во грижата на децата. Зголемувањето го најави министерот за финансии Драган Тевдовски при денешната посета на Велес.
Децата се иднината на земјата и затоа ние како Влада вложуваме во нив и за кадарот кој се грижи за децата. Од септемвриската плата, која ќе биде исплатена во октомври, платите на кадарот кој непосредно се грижи за децата ќе бидат зголемени за 5 %. Оваа новина не е од денес, тоа е внесено во Буџетот за 2018-та и најавено уште минатата година - рече министерот Тевдовски.
Тој изрази благодарност до стратешките партнери Европската Унија, УНДП, Светска Банка со чија финансиска помош се одвива проширувањето на мрежата на опфат на деца во градинките во земјава. Ниту тој ниту министерката за труд и социјала Мила Царовска не можеа да кажат колкава е бројката на вработени кои ќе добијат повисока плата.
Tweet |