речник контакт

Неделата в зори малолетник на 13 години возел „хјундаи“ во друштво на двајца врсници

Случајот бил регистриран кај Пашин мост

Петар Печков

Неделата во зори, малолетник до Велс на 13 годишна возраст е лишен од слобода оти бил фатен како управува автомобил. Друштво му правеле двајца негови врсници. Деталите од информацијата на велешката полиција

„На 5 април  во 04:30 часот во Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка, во присуство на родител, лишиле од слобода 13-годишник од Велес. При сообраќајна контрола, на регионален пат Велес-Чашка, кај место викано „Пашин мост“, било сопрено патничко возило „хјундаи“ со германски национални ознаки, управувано од малолетникот, а сопатници во возилото биле 14-годишник и 15-годишник, двајцата од Велес“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес. 

За настанот известени биле родителите на тројцата малолетници, а по насоки од јавен обвинител, возачот бил приведен во полициска станица, возилото било одземено, а со двајцата сопатници, во присуство на нивните родители, полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор. Известен бил и Центарот за социјални работи Велес и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против малолетниците.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »