Петар Печков
Објавено: среда, 13 ноември 2024
Ветераните на ОК Борец, кои настапуваат во лигата на Одбојкарската федерација на Македонија како Велес, се домаќини на завршниот турнир. Тој ќе се одигра во недела, 17 ноември во салата Гемиџии.
Според распоредот првата средба се игра во 10ч. помеѓу ветераните на Велес и ветераните на Прилеп. Веднаш потоа е второто полуфинале помеѓу ветераните на Тетово и Струмица.
По кратка пауза се играат средбите за пласман, поразените играат за трето место а победниците за прво. Финалето според очекувањата би требало да започне во 13,30ч.
Одбојкарските ветерани на Велес се први по одигрувањето на 7 кола со исто толку победи.
Влезот е слободен за сите љубители на одбојката и спортот во градот. За првите три места, предвидени се пехари.
Tweet |