Петар Печков
Објавено: среда, 29 мај 2024
Децата од највозрасните групи од градинката Димче Мирчев од Велес, вчеравечер, вторник приредија незаборавно патување во вселената.
Традиционалната завршна приредба на децата кои од есен ќе бидат првачиња, ја наполни салата Гемиџии.
Таму присутните заедно со најмладите патуваа во вселената. Тие отпатуваа на планетата Марс, и испратија порака да ја зачуваме планетата Земја, да ја чуваме животната средина.
На овој впечатлив начин, децата успешно го заокружија предучилишно воспитание и од есен почнуваат со нова обврска, учењето.
Tweet |