Петар Печков
Објавено: недела, 03 март 2013
Урбаните легенди сведочат за многу необични работи кои паднале од небото, а знаете ли кои се меѓу најбизарните?
Ви пренесуваме список на седум такви работи.
7. Купчиња црви
Пред пет години Американката Еленор Беал на пат до работа забележала необични кафени топчиња како паѓаат од небото. За да види што се случува им се приближила на кафените топчиња и видела дека се работи за купчиња заплеткани црви. Како се нашле на небото не знае никој, а до најблиско објаснување дошле некои научници кои тврдат дека овој феномен веројатно е поврзан со излевање на вода неколку километри подалеку, но како доспеале во воздухот и понатаму нема објаснување. Да биде се уште почудно, вакво нешто не се случило само тогаш. Во април во 2011 година еден професор по физичко во Шкотска заедно со своите ученици бил сведок на речиси идентична појава.
6. Крава
Во декември во 2007 година брачната двојка Чарлс и Линда Еверсон се возеле по автопат во Вашингон кога од ведро небо на кровот на автомобилот им паднала крава тешка 300 килограми. Чарлс и Линда за среќа останале неповредени. На местото каде што паднала кравата веднаш дошле полицајци и ветеринари, кои морале да ја еутанизираат. А како кравата се нашла во воздух? Наводно побегнала од блиската фарма и заталкала до бездна во близина на автопатот, од каде паднала право на кровот на автомобилот на брачната двојка Еверсон.
5. Жива ајкула
Во октомври минатата година на терен за голф во Капистран во Калифорнија од небото паднала помала ајкула. За среќа на тој терен немало никој при падот на ајкулата, која ја нашол еден вработен во центарот за рекреација. Објаснување за ајкулата во воздухот дале експертите. Бидејќи на нејзиното тело биле забележани неколку повреди се верува дека од морето ја зграпчила некаква птица па ја испуштила над теренот за голф. Ајкулата и после падот била жива.
4. Сирово месо
Во октомври минатата година врз Кејси Бернард од Вирџинијадодека јавал му паднало парче сирово пилешко месо врз главата. На земја паднале уште неколку парчиња месо, а за овој настан никој никогаш не преземал одговорност. Прво постоеле сомнежи во локалната фабрика за храна, па на локалната фарма, но и едните и другите ја отфрлиле поврзаноста со месото кое паднало од небо. Локалните власти за овој чин ги обвиниле галебите кои од некаде украле пилешко месо и го фрлиле врз Кејси.
3. Кутре
Седум годишниот Тејлор Калавеј си играл во дворот со својата баба кога од небото паднало кутре. Тејлор се израдувал дека од небото му паднал подарок каков што го посакувал за роденден, но се покажало дека тој подарок му го испратил еден сокол кој го зграпчил од некој друг двор. Кутрето се спасило од падот во дворот на Тејлор, останало живо и живее со нив како омилено домашно милениче.
2. Смрзнати фекалии
Во 2008 година жителка на Калгари се подготвувала да оди на спиење кога низ кровот на бањата паднало големо парче смрзнати фекалии. Освен очигледниот проблем со фекалиите во нејзиниот дом, дополнителен проблем бил и урнатиот кров и ѕидовите. Властите потврдиле дека фекалиите паднале од авион кој поминувал над Калгари. Ако се верува на урбаните легенди ова не било изолиран случај.
1. Човек
Во септември минатата година во лондонскиот кварт Мортлејк паднало тело на тогаш неидентификуван маж. Полицијата прво сметала дека мажот бил жртва на убиство, но со истражувањето на повредите сфатиле дека тие настанале од долгото паѓање. Истрагата набрзо открила дека момчето се скрило во просторот за багаж во авион кој слетал на аеродромот Хитроу. Падот на мажот долго беше тема на многу светски медиуми.
преземено од cracked.com
Tweet |