Петар Печков
Објавено: четврток, 17 март 2011
Советот на општина Велес донесе одлука за за утврдување граници на потенцијално нестабилни зони на подрачјето на Општина Велес, во кои не може да се гради.
За потенцијално нестабилна зона на подрачјето на Општина Велес е утврден просторот кои е опфатен со свлечиштето Рамина.
Тој го опфаќа подрачјето како нестабилна зона
од пред црквата„Св. Богородица“, па продолжува десно по улица „Прохор Пчински“, па стигнува до паркингот пред црквата„ Св. Спас“. Потоа мине по горниот новоизграден потпрен ѕид, стигнува до улица „Благој Страчков“, па продолжува по истата улица, и од спојот продолжува по улица „Славко Давчев“ до паркинг просторот пред црквата „Св. Богородица“.
Согласно член 25 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти ("Сл. весник на РМ" бр. 23/11), доколку на подрачјето на општината постојат потенцијално нестабилни зони, Советот е должен да донесе Одлука со која ќе ги утврди границите на овие зони.
Во веќе изготвениот ГУП за подрачјето на Велес, подрачјето кое со оваа одлука се определува како потенцијално нестабилни зони е планирано како зелен појас во кој не се предвидени градби.
Претходно беше потенцирано дека нема да се легализираат ниту дивоградбите во долниот тек на реката Бабуна, кој е прогласен за карактеристичен пејсаж.
Tweet |