речник контакт

Нема нови случаи на позитивни на ковид-19, има еден починат пациент

Се помалку лица се згрижени во велешка Болница, денес има 25

Петар Печков

Во велешко изминатите 24 часа нема регистрирано нов случај на лице позитивно на ковид-19 а има седуммина оздравени.  По ова бројот на активни случаи во велешко падна на 165.

Има починато пациент од Велес, на 67 годишна возраст кој бил на лекување во скопските клиники.  Тој е 266 жртва на корона вирусот во велешко.  

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  имаше згрижено 25 пациенти, три помалку од вчера.  Од нив 16  се потврдени позитивни   со ПЦР тест, непотврдени се три  и шестмина   се   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест, примен е еден  нов случај. На  континуирана кислородна поддршка се 14 пациенти. еден пациент е трансфериран на Инфективна клиника во Скопје“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 20 пациенти и петмина на Интерно.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »