Петар Печков
Објавено: сабота, 19 јуни 2021
Опаѓањето на новите случаи и активни со корона вирусот во велешко, но и во Македонија, резултираа со намалување на информациите од оваа област. Една седмица Министерството за здравство соопштува дека нема нови случаи со ковид-19 во велешко. Во велешка Болница нема згрижени пациенти позитивни на корона вирусот.
„Поради тоа што на Инфективно одделение повеќе нема позитивни пациенти со ковид-19, известување за состојбата ќе има само доколку тоа се измени“ - информира д-р Елеонора Јованова, портпарол на Болница Велес.
Една седмица и бројот на активни случи во велешко застана на три. Поради ова ТрМр за состојба со ковид-19 ќе информира само доколку има промени, а нив седум дена ги нема.
Tweet |