Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 декември 2021
Во велешко изминатите 24 часа нема нови случаи на лица заразени со ковид-19 додека оздравени се тројца, објавија од Министерството за здравство, согласно здравствениот билтен за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи е 167 лица. Нема починати лица.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 31 пациент, четири повеќе од вчера. Од нив 15 се потврдени позитивни со ПЦР тест, непотврден се седум пациенти а негативни се девет, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Примени се три лица, испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На континуирана кислородна поддршка се 19 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 24 пациенти и петмина се на Интерно.
Tweet |